РЕСТОРАН КОРЗОТРАДИЦИОНАЛНА КУЈНА
Нудиме богато и вкусно мени од топли и ладни предјадења, свежи салати, супи, разни видови на скара од месо, риба и морски специјалитети, традиционални македонски деликатеси, десерти … секогаш свежо подготвени од нашите исклучителни кујнски готвачи.
Широко познатите вина од врвните винарии во Македонија ќе го надополнат вкусот на храната и ќе ви овозможат уникатно искуство.
РЕСТОРАН КОРЗО
ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КУЈНА
Почитувајќи ја традицијата на една од најпопуларните кујни во светот – италијанската, ние нудиме секаков вид пици и тестенини. Почувствувајте го светлиот медитерански дух од незаборавните вкусови на пиците – Капричиоза, Кватро Стаџоне, Калцоне,Вегетаријана, Фрути Ди Маре и специјалитетот на куќата пица “КОРЗО”.
Се разбира и неизбежните тестенини во сите нивни верзии – шпагети, макарони, лазања, канелони, тортелини со зачинети и специфични сосови. Но, ресторанот “КОРЗО” не би бил она што е, ако не ја збогатиме оваа понуда со традиционалната македонско-штипска “пастрмајлија” и повеќето видови на топено сирење во фурна.
РАБОТНО ВРЕМЕ
Пон-Чет : 08 – 00
Пет-Саб : 08 – 01
Нед : 08 – 00
РЕЗЕРВАЦИИ
+389 47 241 888